Нова седница на регулаторна: Одредени цените по кои ќе се точат горивата следните денови

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука според која цената на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 како и на еуродизел (Д-Е V) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Согласно одлуката, ќе се зголеми само малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2 денара по литар.

Така, од 21.4.2022 година на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин еуросупер БС-95 81,50 (денари/литар), бензин еуросупер БС-98 83,50 (денари/литар), еуродизел БС (Д-Е V) 82,50 (денара/литар), Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денара/литар), Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2022 година.

„Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, наведуваат од Комисија.

Можеби ќе ве интересира...

Се токми нова цена на горивата

BiznisPRO

На ЕНЕР – Законот за даночните поттикнувања за донации и спонзорства во активностите од јавен интерес

BiznisPRO

Боинг оваа година ќе испорача помалку авиони 737 MAX

BiznisPRO