Боинг оваа година ќе испорача помалку авиони 737 MAX

Боинг денеска објави дека оваа година ќе испорача помалку авиони 737 MAX од планираното.

Американскиот производител на авиони објави и дека во третиот квартал забележал загуба поголема од очекуваната.

Во соопштението се наведува дека Боинг открил дефекти во производството на споменатите авиони и работи на нивно отстранување.

Компанијата очекува да испорача помеѓу 375 и 400 од своите 737 MAX авиони оваа година, што е помалку од претходната проценка од 400 до 450 авиони.

Приходите на Боинг во третиот квартал се зголемија за 13 отсто на годишно ниво на 18,10 милијарди долари, но компанијата забележа загуба од речиси 1,64 милијарди долари или 2,70 долари по акција.

Резултатот е сè уште подобар отколку во истиот квартал од 2022 година кога Боинг пријави загуба од 3,31 милијарди долари или 5,49 долари по акција.

Можеби ќе ве интересира...

ОТКАЖАНИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ЛЕТОВИ: Вработените во авиокомпанијата штрајкуваа

BiznisPRO

Падна продажба на мало во еврозоната

BiznisPRO

Пад на индустриското производство: Значително помалку се произведени капитални и стоки за широка потрошувачка

BiznisPRO