Нова цена на горивата

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.

Овие цени важат од синоќа.

Можеби ќе ве интересира...

Парното поскапува за 14,05% – причина екстремно високите цени на гасот на светските берзи

BiznisPRO

Како да го изберете Вашиот идеален протеински бар?

BiznisPRO

Летно сметање на времето – Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред

BiznisPRO