Денеска Регулаторната Комисија за енергетика, редовно како и секој понеделник, ќе ги утврдува цените на горивата кои ќе важат во следните денови.
Моменталната цена на светските берзи на нафтата од типот брент е 110 долари, додека пак WTI круд се продава за 106 долари од барел.
Во овој момент ова се цените на горивата во Македонија: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм).
Засега е непознато дали ќе има промени во цените. Одлуката се очекува да биде соопштена денес напладне.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...