Ново огромно поскапување на горивата: Бензинот поскапува за 3,50, а дизелот за 8,50 денари – еве колку чинат горивата сега

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај сите нафтени деривати и тоа : кај бензинот за 8,971 %, кај дизелот за 16,811%, кај екстра лесното масло за 14,445% и кај мазутот зголемување за 9,336%. Во исто време, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 1,078%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 % во однос на Одлуката од 7.3.2022 година.

“Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33% на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.

Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира...

За еден долар за барел: Пад на цените на нафтата, инвеститорите претпазливи

BiznisPRO

Ќе има ли поскапување на горивата – Вечерва најавено формирање на нови цени на бензинот и нафтата во Македонија

BiznisPRO

Фејсбук слави 20 години: Дали се уште е водечка социјална мрежа?

BiznisPRO