• април 28, 2023
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ОКТА: Резултатите од првиот квартал покажуваат силна прилагодена профитабилност

ОКТА: Резултатите од првиот квартал покажуваат силна прилагодена профитабилност

Долготрајните инфлациски притисоци предизвикани од тековните геополитички тензии и енергетската криза продолжија да создаваат предизвици за економијата во текот на првиот квартал од 2023 година. Санкциите воведени од ЕУ и нафтеното ембарго ги натераа повеќето европски земји да престанат да увезуваат руски нафтени производи и гас, што предизвика нерамнотежа меѓу побарувачката и понудата. И покрај конкурентното опкружување полно со предизвици, каде што компанијата работи на пазарите во Република Северна Македонија и Косово, ОКТА продолжува да биде лидер во снабдувањето со горива и успеа да го зголеми прометот за 7% во првиот квартал на 2023 година, споредено со истиот период минатата година.

Обемот на продажба во првиот квартал од 2023 година изнесуваше 308 илјади м³, што е зголемување од 13% споредено со првиот квартал од минатата година. Производите беа пласирани на двата пазари на кои компанијата традиционално е присутна (домашниот и извозниот), при што извозот имаше удел од 24% во вкупниот обем на продажба.

Бруто маржата достигна 175 милиони денари, што претставува намалување од 72% споредено со истиот период од 2022 година, главно поради падот на меѓународните цени на горивата, што доведе до исправка на вредноста на залихите на ОКТА од 8 милиони денари и негативен ефект од нивното вреднување во висина од 128 милиони денари. ЕБИТДА изнесува 77 милиони денари, значајно намалена во споредба со истиот период минатата година, бидејќи на првиот квартал од 2022 година, позитивно влијаеја придобивките од вреднувањето на залихите од 417 милиони денари. Добивката пред оданочување изнесува 37 милиони денари.

Прилагодената ЕБИТДА во првиот квартал од 2023 година, изнесува 213 милиони денари, што претставува зголемување од 94% споредено со истиот период минатата година.

ОКТА ја започна годината со Божиќна донација за поддршка на ранливите категории на граѓани за време на празниците. Со помош на екипите на Црвениот крст, пакети со прехранбени производи беа доставени до социјално ранливи категории на население. Во рамките на платформата за безбедност во сообраќајот „Јас Внимавам“, ОКТА го поддржа процесот на едукација и обука за стекнување на возачка дозвола на десет членови на Здружението „За тебе“, со што придонесе за нивниот личен и професионален развој. По повод 45 годишниот јубилеј на ОКТА и како дел од платформата „Јас Внимавам“, компанијата во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје распиша награден конкурс за изработка на идеен проект за иновативно решение за фотоволтаичен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети. Првонаградениот проект ќе биде изграден во кампусот на УКИМ, како донација од ОКТА.

Целта на компанијата е да остане лидер на локалниот пазар, обезбедувајќи редовно и непречено снабдување на горива со највисок квалитет на своите клиенти на пазарите на кои работи, додека напредува со своите иницијативи за автоматизација кои ќе ја оптимизираат организацијата, намалувајќи ја базата на трошоци и поставувајќи цврсти темели за идни резултати.

Поврзани соддржини

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

Доларот зајакна, цените на нафтата утрово пораснаа

На девизните берзи вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна,…
Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

Дали треба да се стави крај на манипулациите со…

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување…
Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога ќе дојде ред за купување попустот го нема или важи само за производ кој го нема на залиха

Фрчат попусти од 60%, 70%, 80% – но кога…

И покрај носењето на измените на законот за заштита на потрошувачите, забележано…
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи…

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната…
Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите нив

Колумна на Азески: Економијата пред политиката, извозот над сите…

ДЕКЛАРАЦИЈА, ДОГОВОР МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, ЕКОНОМИЈАТА ПРЕД ПОЛИТИКАТА, ИЗВОЗОТ НАД…
Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт…

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги…
Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има…

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини…
Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова…

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од…
Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа…

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани…
Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи…

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи…
Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан…

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град…
Оддржана констутивна седница на НАТТА

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за…