• декември 14, 2021
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата.

ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни 99,13 милиони барели дневно, зголемувајќи ја својата ноемвриска прогноза за 1,11 милиони барели дневно.

„Закрепнувањето што се очекуваше досега во четвртиот квартал од 2021 година е делумно одложено за првиот квартал од 2022 година, а неговиот тек во втората половина на 2022 година ќе биде постабилен”, се наведува во редовниот месечен извештај на ОПЕК.

„Треба да се додаде дека влијанието на новата варијанта (на коронавирус) омикрон би требало да биде благо и краткотрајно бидејќи светот има сè подобри алатки за справување со Ковид-19 и предизвиците што тој ги носи”, додаваат тие.

Во исто време, картелот ја потврди прогнозата дека светската побарувачка на нафта оваа година треба да се зголеми за 5,65 милиони барели дневно, по минатогодишниот најголем пад откако почнаа да објавуваат податоци.

Тие ја потврдија и прогнозата за цела 2022 година, според која побарувачката треба да се зголеми за дополнителни 4,15 милиони барели дневно и со тоа да го надмине нивото од 2019 година.

ОПЕК и неговите сојузници постепено го зголемуваат производството, кое минатата година го намалија на најниско ниво од нивното основање, со цел да се прилагодат на намалената побарувачка во пандемијата.

Претходно овој месец, тие објавија дека во јануари повторно ќе го зголемат производството а 400.000 барели дневно, и покрај стравувањата предизвикани од новата варијанта на коронавирусот.

Извештајот, исто така, покажа дека тие го зголемиле производството за 290.000 барели дневно на 27,72 милиони барели дневно во ноември, благодарение на зголемените испораки од Саудиска Арабија и Ирак, двата најголеми производители во ОПЕК, и закре пнувањето на производството во Нигерија.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…