Тој рече дека најголемиот дел од донацијата ќе биде насочена за борба против климатските промени и поддршка на луѓето кои можат да го обединат човештвото во услови на длабоки општествени и политички поделби.
Безос оваа изјава ја даде во интервју за Си-Ен-Ен и иако не наведе многу детали, ова е првпат да објави дека планира да даде поголем дел од парите.
Безос моментално е четврти на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот.
Безос претходно беше критикуван бидејќи не потпишал т.н Залог за донација потпишан од 100-те најбогати луѓе во светот, кои ветија дека ќе го донираат најголемиот дел од своето богатство во добротворни цели.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...