Ова е просечната плата во Хрватска

Просечната декемвриска нето-плата во Хрватска изнесувала 1.361 евро, што е номинално за 0,4 отсто, а реално за 0,5 отсто во однос на ноември, објави денеска хрватскиот Централен завод за статистика .

Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за декември 2024 година е исплатена во секторот производство на кокс и рафинирани нафтени деривати и изнесува 2.562 евра.

Спротивно на тоа, најниската просечна нето плата во Хрватска во декември е забележана во производството на облека и изнесува 846 евра.

Просечната нето плата во Хрватска за декември изнесувала 1.156 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од горенаведената сума.

Можеби ќе ве интересира...

Во Дубровник дневна карта за паркирање чини како ДВА ДЕНА ОДМОР

BiznisPRO

Хрватите забележаа пад од 40 отсто на зеленчук

BiznisPRO

Еве што ќе следува за татковците во Црна Гора по раѓање на дете

BiznisPRO