ПАДНА ОДЛУКА – РКЕ: Ново поевтинување на горивата – Објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,50 % во однос на одлуката од 23.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,789%, кај дизелот за 4,373%, кај екстра лесното за 4,239% и кај мазутот намалувањето е за 4,249%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,252%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг и сега ќе изнесува 41,783 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 25.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,783 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира...

Првата VUSE вејпинг зона се отвора во Скопје

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Набавка на 500 висококвалитетни јуници со цел стабилизација на млекопроизводството во земјата

BiznisPRO