• ноември 5, 2022
  • 0 МИНУТА ЧИТАЊЕ

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Силниот долар ја намали вредноста на барелот

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Силниот долар ја намали вредноста на барелот

Цените на нафтата паднаа под 95 долари на меѓународните пазари, откако зголемувањето на каматната стапка во САД го поддржа доларот и повторно ги разгоре стравувањата од глобална рецесија и послаба побарувачка за гориво.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,39 долари отколку во моментот на вчерашното затворање и изнесуваше 94,77 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,76 долари, од 88,24 долари.

Силниот долар ја намалува побарувачката за нафта бидејќи ја намалува куповната моќ на купувачите со други валути. Повисоките каматни стапки во САД ги поттикнаа стравувањата од повторно глобална рецесија.

– Сè поизразените стравувања од забавување на растот неминовно ќе се одразат на глобалната побарувачка за нафта – изјави аналитичарот Тамас Варга.

Поголем пад на цените спречија очекувањата за проблеми со снабдувањето во наредните месеци. На почетокот на декември стапува на сила ембаргото на ЕУ за руската нафта поради руската инвазија на Украина, а од февруари ќе биде забранет и увозот на нафтени деривати.

Производството од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) падна во октомври за прв пат од јуни.

ОПЕК произведе 29,71 милиони барели дневно минатиот месец, покажа истражувањето, што е намалување за 20.000 барели дневно во однос на септември. Производството беше за 1,36 милиони барели помало од проценките на групата.

Почнувајќи од овој месец, ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, планираат да го намалат производството за два милиони барели дневно во споредба со целното ниво. Посебен извештај на ОПЕК покажа дека цената на барелот вчера пораснала за 31 цент, на 94,74 долари, пишува Индекс.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…