Парадокс во САД: Податоците ги збунија и експертите

Стапката на невработеност во САД се зголеми во мај од 3,9 отсто во април на четири отсто, што е највисоко од јануари 2022 година, објави американското биро за статистика на трудот (BLS).

Бројот на невработени се зголеми за 157.000 на 6,64 милиони, додека бројот на вработени се намали за 408.000 на 161 милион.

Како што се наведува, во мај 2024 година во американската економија се отворени 272.000 нови работни места, што е значително повеќе од очекуваните 185.000 и најмногу во последните пет месеци.

Најмногу работни места се отворени во здравството 68.000, јавниот сектор 43.000, угостителството и рекреативните услуги 42.000, финансиските и деловните услуги 33.000.

Ако сте збунети од контрадикторните податоци од овој извештај, знајте дека економските експерти не се многу подобри, пренесува CNN.

Можеби ќе ве интересира...

Uber плаќа 272 милиони долари

BiznisPRO

Јапонија за малку избегна рецесија

BiznisPRO

Цените на бакарот се највисоки во последните 11 месеци

BiznisPRO