Пазарниот инспекторат тргнува во офанзива – трговците на мета за Black Friday!

Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања “Black Friday” акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.

Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.
Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски.

Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите.

Ги повикуваме граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Бројот на одобренијата за градење во мај 2025 година е зголемен за 80.4 % во однос на истиот период од претходната година

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите на 26. февруари 2025

BiznisPRO

Цените на нафтата над 71 долар

BiznisPRO