Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пораст и суровата нафта „брент“ првпат од почетокот на годинава достигна цена од 93 долари за барел.

Меѓународната агенција за енергија (МААЕ) објави дека доброволното продолжување на дневните ограничувања за производство на нафта од страна на Саудиска Арабија и Русија ќе резултира со пазарен дефицит во четвртиот квартал од оваа година.

Цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 1,20 долари или 1,3 отсто и сега изнесува 93,08 долари за барел, што е највисока од ноември минатата година.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 1,14 долари или 1,3 отсто, на 89,66 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Државата застана на патот на „нефер профит“

Бизнис про

СЕФФ 2023: Економскиот ефект од ЕУ е 15% до 20% повисок БДП, РС Македонија може да биде 28-ма членка

jovan sokolovski

Во Хрватска килограм кашкавал се продава за 3000 денари, а кај нас ближи 750

Бизнис про