Пораснаа новите фабрички нарачки во Германија

Според прелиминарните проценки, новите фабрички нарачки во Германија во ноември пораснале за 0,3 отсто.

На годишна основа тие паднаа за 4,4 отсто, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

Пазарите очекуваа повисок месечен раст на нарачките од еден процент. Нарачките за капитални производи се зголемени месечно за 0,8 отсто, исто како и нарачките за производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто, додека нарачките за интермедијарни производи се намалени за 0,4 отсто.

Германските домашни нарачки се зголемија за 1,4 отсто во ноември, но нарачките од странство во исто време паднаа за 0,4 отсто, се наведува на веб-страницата Дестатис.

Нарачките од еврозоната паднаа за 1,9 отсто, додека нарачките надвор од еврозоната пораснаа за 0,6 отсто. На квартално ниво, фабричките нарачки во Германија од септември до ноември паднаа за 4,5 отсто во споредба со претходниот квартал.

Можеби ќе ве интересира...

Хонда повлекува 750.000 возила во САД поради воздушни перничиња

BiznisPRO

Растот на платите ја надмина инфлацијата, тврди власта

BiznisPRO

Невидено 32 години: 211,4 отсто инфлација во Аргентина

BiznisPRO