• октомври 27, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Пекарите ќе печат леб на поевтина струја

Пекарите ќе печат леб на поевтина струја

Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната средба со претставници од прехранбената индустрија.

Како што кажа министерот ова е една од мерките кои ги вети Владата за поддршка на прехранбената индустрија, а која ја реализира Министерството за економија.

„Работиме заедно со производителите на преханбени производи во креирањето на мерки со цел сите заеднички да придонесеме во ублажувањето на кризата било тоа економска, финансиска или енергетска. Како што најавивме и претходно и премиерот Димитар Ковачевски и ние како Министерство за економија, веќе ги подготвивме сите мерки се со цел да им излеземе на пресрет на тие компании кои ги преизведуваат основните преханбени производи„ изјави Бектеши и додаде дека овие мерки се со цел компаниите, пред се производителите на основни прехранбени производи да имаат предвидливост и на таков начин да можеме да влијаеме и врз цените на финалните производи кои се произведуват и се продават од овие компании.

Како што кажа министерот, предлогот е доставен до Стопанските комори, а со него е предвидено мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија да трае до крајот на април

“ЕСМ Продажба ќе ги снабдува со електрична енергија овие компании, согласно разговорите со Министерството за финансии, пи финансискиот простор што го имаме. Според првичните пресметки тоа ќе биде најверојатно под 100 евра на мегават час, што значи дека ќе биде двојно пониска од тоа што во моемнтов е на регулиран пазар, а речиси тројно или повеќе од тоа што е на отворен пазар, што значи дека секако ќе се намалат оперативните трошоци на компаниите до крајот на април и на таков начин може да направат дополнителни калкулаци во делот на одредување на крајната цена”, изјави Бектеши.

Министерот најави дека на ист начин и речиси слични одлуки веќе се подготвени од Министерството за економија во соработка со ЕСМ со другите енергетски компании и за основните и средни училишта, болници, јавни претрпијатија, а одлуката за нив ќе биде донесена до крајот на неделата.

„Овој е еден сериозен и добар исчекор на напред во однос на тоа дека ќе добиеме пониска цена на елекрична енергија која ќе овозможи цените на основните производи коишто се произведуваат со овие шифри на дејност да биде со цена која што ќе биде прифатлива за крајните консументи. Покрај овој добар изчекор и понатака ние би очекувале и некои соодветни други изчекори кои би можеле уште повеќе да дојдат до ситуација цената на производите во тешкиот период да се спушти на уште пониско посоодветно ниво„ кажа Горан Ѓоргиевски од Сојуз на стопански комори, претставник од пекарската индустрија по состанокот со министерот Бектеши.

На крајот на прес-конференцијата за медиумите, министерот Бектеши исто така најави дека како една од мерките за стабилно обезбедување на електрична енергија е дека од 1 ноември ќе почне да со работа и ТЕ-ТО од каде ќе се обезбедат дополнителни количини на електрична, а со тоа и топлинска енергија.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…