• ноември 16, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

Пет години од влезот на ЦАМЛ во САСА – 52 милиони долари веќе инвестирани во одржлив развој и дополнителни вложувања планирани за наредните години

Рудникот САСА ја одбележа 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија. Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски. За време на посетата тие се запознаа со досегашните вложувања во САСА и нивниот ефект и значење за пошироката заедница, како и со реализацијата на новиот капитален проект, вреден над 25 милиони долари, што треба да овозможи натамошен одржлив развој на САСА.

„Одбележувањето на овој јубилеј е многу значајно за сите нас. Станувајќи дел од Централ Азија Металс групацијата, во САСА започна нов период на севкупна модернизација на производството и развој од што придобивки имаат сите, вклучувајќи ги вработените, локалната економија и заедницата. Поддршката што во континуитет ја добиваме од ЦАМЛ, како и соработката со институциите на локално и национално ниво и останатите партнери, се гаранција дека ќе ги реализираме новите капитални инвестиции кои ќе овозможат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА во годините што следуваат. На тој начин САСА ќе може да продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за целокупниот просперитет на земјата“, изјави генералниот директор на САСА, Крис Колбурн.

Во изминатите пет години ЦАМЛ инвестираше 52 милиони долари во сите значајни сегменти за развојот на САСА. Голем дел од овие средства се вложени во набавка на нова современа рударска опрема и технологија за производство, во дигитализација на одредени работни процеси, во системот на безбедност и заштита при работа, како и во натамошно унапредување на стандардите и условите за работа и на професионалниот развој и благосостојбата на вработените. Дополнително, во овој период вложени се и над 1,7 милиони долари во реализацијата на различни одржливи активности и проекти наменети за поддршка на локалната заедница.

„Со задоволство ја посетив една од водечките британски инвестиции во Северна Македонија во рудникот САСА, која се развива во партнерство со локалната заедница и обезбедува квалификувани работни места во Македонска Каменица. Инвестициите на Обединетото Кралство во Северна Македонија стануваат сѐ посилни и посилни“, рече британскиот амбасадор, Метју Лосон.

Кон честитките за 5-годишниот јубилеј се приклучи и претседателот на најголемата бизнис асоцијација во земјата кој нагласи дека токму инвестициите во модернизација на рудниците ќе придонесат за продолжување на долгата традиција на македонското рударство.

„Соочени со глобални здравствени, енергетски и ценовни кризи чии последици никој со сигурност не може да ги предвиди, инвестициите во одржлив развој се најдобриот начин како да се трасира патот кон подобра иднина. Покрај модернизацијата на производството, тие овозможуваат и зголемена безбедност и унапредување на условите за работа во рударството, поефикасна заштита на животната средина, уште поголема благосостојба на вработените и на нивните семејства и секако дополнителни придобивки за целокупниот економски развој на земјата, што е нашата заедничка цел“, истакна претседателот на Стопанската Комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

За градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски, рудникот САСА, како најголем стопански капацитет во општината, има големо значење за локалниот економски развој и обезбедува социјална сигурност за голем број семејства, што е особено важно во актуелните кризни времиња. „Затоа одговорните компании и инвеститори како што се САСА и ЦАМЛ и понатаму ќе ја имаат поддршката од нашата локална самоуправа во реализација на нивните развојни проекти кои носат долгорочни придобивки за целата наша заедница и пошироко“, нагласи градоначалникот на Македонска Каменица.

Централ Азија Металс (Central Asia Metals PLC) е рударска компанија која котира на АИМ пазарот на Лондонската берза (AIM: CAML). Освен рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица, таа поседува и 100% од операцијата за бакар Коунрад во Казахстан.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…