Околу 35.000 туристи надвор од сезоната ќе ја посетуваат Македонија како реализација, односно како организација на германската РСД – туристичка агенција.
– Од овој февруари ќе започнуваат да носат по еден практично авион секој ден туристи коишто ќе доаѓаат од Германија, од Франција и од Велика Британија, тоа би значело дека според просекот којшто досега е направен врз искуствата во минатите години работа на оваа компанија, тоа би значело дополнително околу 30 милиони евра директни трошења овде кај нас од страна на овие гости коишто ќе не посетат или заедно ако тука го вкалкулираме и сместувањето и останатите трошоци, превозот и слично, можеме дури и да дојдеме и до бројката од 50 милиони евра.
Овие 35 илјади гости практично ќе бидат на балканска тура, таа балканска тура започнува со едно ноќевање во Скопје, потоа продолжува во Црна Гора, Албанија, потоа во Охрид каде што исто така ќе има ноќевање и завршува со две ноќевања дополнителни во Скопје, што значи 4 ноќевања во Македонија, најавија властите.