Почна исплатата на јулските пензии, а познато е кога ќе има зголемување

Исплатата на јулските пензии тргна денеска, согласно Законот истите се исплаќаат на први следниот месец за претходниот.

Некои од македонските банки, како што информира Centar.mk, исплатата ја направија уште пред неколку дена.

Инаку согласно Законот покачување на пензиите ќе има веќе од септемвриската пензија, но тоа нема да биде системски како порано, туку линеарно за сите по 1.000 денари. Па така сите пензионери со пензијата за септември, која ќе биде исплатена во октомври ќе добијат илјадарка плус на своите сметки без разлика на тоа колку пензија земаат.

Од ова придобивка ќе имаат само тие со пензии до 20.000 денари кои со системското покачување би добиле 700 денари, а сега ќе се офајдат со 300 плус, додека пензионерите со повисоки пензии ќе мора да бидат среќни со илјадарка, иако според системското покачување би им следувале многу повеќе пари на нивните сметки.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 30 октомври 2025

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.4 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец

BiznisPRO

Доаѓа продолжен викенд, а потоа и уште еден празник во октомври – еве ги сите празници до крајот на годината

BiznisPRO