Почнува вториот циклус на студентската програма Smart Start: 24 студенти ќе работат на дигитална трансформација со ментори од Македонски Телеком

Македонски Телеком денес ги отвори вратите за 24 студенти кои беа избрани на Smart Start програмата за професионален развој. Во текот на наредната година тие ќе работат со своите ментори, врвни професионалци, на проекти од повеќе области поврзани со дигиталната трансформација како: техника, ИТ, финасии, маркетинг, е-бизнис, комуникации, аналитика на податоци, управување со производи и слично.

Програмата нуди извонредни можности и отвора простор за развој на студентите кои ќе создаваат напредни дигитални услуги со врвна технологија, а ќе учат и агилно работење и дизајнерско размислување, коишто се високо ценети на пазарот на трудот.

„Со Smart Start им даваме шанса на младите да растат и да се развиваат во интернационална компанија, а од друга страна нашата компанија добива талентирани кадри со нова енергија и ентузијазам. Одиме во чекор со новото време, кон дигитална трансформација, заедно со новите таленти и нашите искусни професионалци“ – истакна Ставрос Георгакопулос, лидер за вработени и трансформација во Македонски Телеком.

Ова е втор циклус на Smart Start програмата, која почна во 2021 година, кога 28 студенти успешно реализираа 11 проекти, а 17 од нив станаа дел од тимот и продолжија со работа во Телеком. И наредната година, младите ќе имаат можност да го почувствуваат ритамот на работа во компанија којашто е лидер во својата индустрија и да ја почнат својата кариера во Телеком.

Повеќе информации на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира...

„Фероинвест“ го заврши проектот во Грузија – пуштена во употреба и третата хидроелектрана

BiznisPRO

Ќе легнат ли пари кај пензионерите до Нова година? – Помошта која ја најави владата би можела да стигне и порано

BiznisPRO

Нова цена на горивата: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

BiznisPRO