• октомври 31, 2022
  • 4 ДВЕ МИНУТИ ЧИТАЊЕ

Подобрени продажни резултати во третиот квартал на 2022, помогнати од туристичката сезона, со загуби во вреднувањето поради падот на меѓународните цени на нафтата

Подобрени продажни резултати во третиот квартал на 2022, помогнати од туристичката сезона, со загуби во вреднувањето поради падот на меѓународните цени на нафтата

Подобрени продажни резултати во третиот квартал на 2022, помогнати од туристичката сезона, со загуби во вреднувањето поради падот на меѓународните цени на нафтата

3 квартал 2022 3 квартал 2021 % разлика (во милиони денари) 9 месеци 2022 9 месеци 2021 % разлика
17.612 7.596 132% Приход од продажба 45.328 17.408 160%
153 297 -48% Бруто маржа 1.317 850 55%
145 122 19% Оперативни трошоци* 434 378 15%
59 225 -74% EBITDA 1.035 618 67%
-2 170 Добивка пред оданочување 848 471 80%
231 141 63% Прилагодена EBITDA 523 317 65%

 

* Со исклучок на еднократните ставки

Клучни резултати за првите девет месеци во 2022 година

Резултатите во првите девет месеци од 2022 се подобрија во споредба со минатогодишните, одразувајќи ја зголемената побарувачка за горива на домашниот и извозниот пазар, што го неутрализираше негативното влијание на енергетската криза врз оперативните трошоци. Приходите од продажба изнесуваат 45.328 милиони денари, што претставува зголемување од 160%, во однос на истиот период минатата година, поттикнати од зголемената продажба на домашниот и извозниот пазар. Бруто маржата достигна 1.317 милиони денари, надминувајќи ги 850 милиони денари постигнати истиот период минатата година.

ЕБИТДА за првите девет месеци од 2022  изнесуваше 1.035 милиони денари, повисока за 67% во однос на истиот период минатата година, а добивката пред оданочување изнесуваше 848 милиони денари, што претставува зголемување од 80%, споредено со истиот период минатата година. Овие резултати се придобивка од повисоката продажба на домашниот и извозниот пазар, потпомогнати од добивките од вреднувањето на залихите поради растот на меѓународните цени на нафтата што позитивно влијаеше на резултатите за првите девет месеци од 2022 година за 512 милиони денари.

Зголемена побарувачка на домашниот и на извозниот пазар на горива во третото тримесечје од 2022 година

Во третиот квартал од 2022 година приходите од продажба достигнаа 17.612 милиони денари, што претставува зголемување за 132%, споредено со третиот квартал во 2021 година, предводени главно од дизелот, благодарение на тековното закрепнување на економскиот раст и значителниот транзитен туризам, што го поддржа закрепнувањето на побарувачката на домашниот и извозниот пазар.

Поради работата на електраните во екот на актуелната енергетска криза, продолжи зголемената побарувачка на мазут. Од друга страна, зголемените инфлациски притисоци и зголемените енергетски трошоци резултираа со зголемување на оперативните трошоци за 19%, споредено со истиот период минатата година.

И покрај предизвиците, ОКТА успешно ги надмина турбуленциите со кои се соочи во еволуирачкото пазарно опкружување, исполнувајќи ја својата стратегија. Оттука, ОКТА го затвори третиот квартал од 2022 година со ЕБИТДА која достигна 59 милиони денари, и е пониска од остварените 225 милиони денари во истиот период минатата година. На овој резултат најмногу влијае значајниот негативен ефект од вреднувањето на залихите од 172 милиони денари, наспроти позитивниот ефект од 84 милиони денари кој беше постигнат во третиот квартал на 2021 година. Со ова, прилагодената ЕБИТДА достигна 231 милиони денари, што е зголемување за 63% наспроти третиот квартал во 2021 година.

Менаџментот на ОКТА продолжува внимателно да ја следи ситуацијата, бидејќи флуктуациите на цените на суровините може да влијаат на вреднувањето на залихите, што може да имплицира засилена неизвесност во однос на објавените метрики за следните квартали.

Општествена одговорност

Во рамките на нашата програма за општествена одговорност „Нова генерација“, ОКТА ги поддржува младите преку обезбедување можности за студентите кои имаат желба да се стекнат со знаење и работно искуство. Така, ОКТА шеста година по ред потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, преку кој ќе бидат доделени стипендии за постдипломски студии за научни области релевантни за дејноста на компанијата на пет истакнати студенти. Како долгогодишен промотор на културното наследство на земјата, ОКТА го поддржа организирањето на познати музички и уметнички фестивали што се одржаа во изминатиот квартал.

Менаџментот на ОКТА ќе продолжи да ги смета како приоритети здравјето и безбедноста на своите вработени и клиенти, континуираното и непречено снабдување на земјата со висококвалитетни производи, внимателното следење на развојот на настаните на домашниот и на странските пазари, како и искористувањето на сите можности кои ќе излезат во пресрет.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…