Помалку издадени одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 250 392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, односно изградба на меѓусебно поврзан (интерконективен) гасовод Република Северна Македонија – Грција.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 (59.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (22.7 %) за објекти од нискоградба и 46 (17.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 260 објекти, на 146 (56.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (43.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 542 станови, со вкупна корисна површина од 49 111 м2.

Можеби ќе ве интересира...

Министрите за економија на Западен Балкан се собраа во рамките на Берлинскиот процес: Фокус на регионалната економска интеграција

BiznisPRO

Готово е: Минималецот се зголемува за 1.800 денари, а пензиите за 2.500 денари

BiznisPRO

Индустриското производство со пад од 7,9%: Намалено производство во повеќето сектори во септември 2024

BiznisPRO