ПРОМО

ПОСЕБЕН ПЛАН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА – Се подготвува еднократно подигнување до 20.000 денари

Народната банка подготвува посебно решение за пензионерите кои примаат пензија преку Алта банка и немаат платежни картички. Според најавата од кабинетот на гувернерот Трајко Славески, тие би можеле еднократно да подигнат до 20.000 денари на шалтер.

Од околу 11.500 пензионери кои примаат пензија преку банката, околу 3.500 немаат картичка. Народната банка ќе ги објави деталите за исплатата откако ќе ги утврди условите.

Регулаторот разгледува и како компаниите со средства во банката би можеле да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси.