Повторно поскапување на горивата – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 8.01.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,268%, кај дизелот за 1,330%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,389% и кај мазутот намалувањето е за 2,436%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9486%.

Од 14.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра леснот масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

 

Можеби ќе ве интересира...

„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија

BiznisPRO

Европските берзи го следат падот на Волстрит

BiznisPRO

Делегација на Бордот на Директори на ЕБОР доаѓа во посета на Северна Македонија од 14 до 18 Октомври

BiznisPRO