Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2023 година

Во четвртиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции изнесуваат 210.604 милиони денари, што претставува квартално зголемување од 9.295 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,6% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 65,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 16,3%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 52,2% и 25,5%, соодветно), а на страната на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурување и капиталните сметки (учество од 56,1% и 34,6%, соодветно).

Можеби ќе ве интересира...

Бизнисот, науката и „Еразмус за млади претприемачи“ се обединуваат за  зајакнување на претприемачки екосистем

BiznisPRO

Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Сојузот на математичари на Македонија

BiznisPRO

Рестриктивни за невакцинираните, но и стимулацитивни мерки за оние кои ќе се вакцинираат – Владата разговараше за нови ковид мерки на вечерашната владина седница

BiznisPRO