Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2026 година

Во првиот квартал на 2026 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) изнесуваат 313.195 милиони денари и се зголемени за 12.660 милиони денари, на квартално ниво. Притоа, средствата на останатите финансиски институции учествуваат со 22,5% во средствата на финансиските институции. Анализирано по сектори, пензиските фондови имаат најголемо учество од 63,3% во вкупните средства на ОФИ, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 14,1%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувањата во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 50,5% и 26,7%, соодветно). На страната на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурувањето и на капиталните сметки (учество од 51,2% и 38,0%, соодветно).

Можеби ќе ве интересира...

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го именуваше Тони Стојановски за нов Претседател на Управниот одбор на Банката

BiznisPRO

MТЕЛ нов горд спонзор на РК Вардар 1961

BiznisPRO

“Алкалоид” повторно дел од најреномираниот глобален фармацефтски собир CPHI

BiznisPRO