Преку украинска територија: Гаспром нормално продолжува да испорачува гас за Европа

„Газпром“ вообичаено продолжува да испорачува руски гас во Европа преку украинска територија, изјави денеска портпаролот на руската компанија Сергеј Купријанов.

„Газпром“ вообичаено испорачува руски гас преку украинска територија, во согласност со барањата на европските потрошувачи, односно 79,6 милиони кубни метри, изјави за новинарите Купријанов.

Оваа количина испорачан гас е помала од предвидената со долгорочната резервација, која изнесува околу 109,5 милиони кубни метри дневно, соопшти ТАС С.

Од сабота, 9 април, нарачани се 78,3 милиони кубни метри гас.

Можеби ќе ве интересира...

Пазарот на црно злато флуктуира: Цените на нафтата во пораст

BiznisPRO

Кина инвестира огромни пари во индустријата за чипови

BiznisPRO

На пазарот на „црното злато“ владее неизвесност: Цените на нафтата значително флуктуираа минатата недела

BiznisPRO