Свет

ПРИРОДНИОТ ГАС ЗА ЕВРОПСКИТЕ ФИРМИ ПОЕВТИНИЛ – Годишен пад од 6,7 проценти

Просечната цена на природниот гас за дефинираната група недомаќински потрошувачи во Европската Унија во првата половина од 2026 година изнесувала 0,06 евра за киловат-час.

Во споредба со истиот период минатата година, цената е пониска за 6,7 проценти. Сепак, во однос на втората половина од 2025 година регистрирано е зголемување од 1,8 проценти.

Најниски просечни цени имале Бугарија и Белгија, со по 0,04 евра за киловат-час, додека Шведска имала највисока цена од 0,11 евра. Податоците се однесуваат на потрошувачи со годишна потрошувачка од 10.000 до 100.000 гигаџули.