Продолжува редовната испорака на руски гас преку Украина

Руската државна компанија „Гаспром“ денеска префрли околу 110 милиони кубни метри гас во Европа, преку украинска територија.

„Гаспром“ испорачува руски гас во транзит низ територијата на Украина во редовен режим, во согласност со барањата на европските потрошувачи – изјави портпаролот на таа компанија Сергеј Купријанов, пренесе агенцијата Интерфакс.

Купријанов изјави дека „Гаспром“ вчера преку територијата на Украина испратил 109,5 милиони кубни метри гас во Западна Европа.

Можеби ќе ве интересира...

Ново големо поскапување на дизелот, ова се новите цени на горивата

Бизнис про

Какви се цените на горивата во Македонија, регионот и Европа?

Бизнис про

АмЧам ги зајакнува трговските односи на Северна Македонија и Грција

Бизнис про