Прогласени 10-те победнички во националниот избор за “Жена на годината 2025” во Македонија

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”.

Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Лауреатот македонска Жена на годината 2025 го понесе Рисима Рисимкин, авангардна македонска кореографка за современ танц.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите
категории од изборот „Жена на годината 2025“:
1. Жена на годината – Рисима Рисимкин
2. Жена со трајни вредности – Индира Кастратовиќ
3. Жена менаџер на годината – Јелена Спасова
4. Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Венера
Крлиу
5. Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Ениса Кадрии
6. Жена со најголеми достигнувања во културата – Наталија Теодосиева
7. Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ангела Мојсовска
8. Жена со најголеми достигнувања за општеството – Моника Ризовска
Таневска
9. Жена со најдобар стил – Наташа Петровска
10. Инфлуенсерка на годината – Миа Арабаџиевска (@mia.arabi)

Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска.

Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се:
Империјал Тобако, Ананас, Фабу, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Савекс, Семанта, Скопска Пивара и други.

Можеби ќе ве интересира...

Расте бројот на работниците во индустријата

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO

Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, очекуваме дополнително намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи

BiznisPRO