Просечната бруто плата во Македонија 61.806 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 113.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (19.3 %), Уметност, забава и рекреација (18.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.1 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.3 %) и

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.3 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 61 806 денари.

Нето платата изнесува 41.097 денари

Можеби ќе ве интересира...

Во јануари повеќе туристи од истиот период лани

BiznisPRO

Nvidia забележа годишен раст на приходите од 114 проценти

BiznisPRO

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2026 година изнесува 497 327 МWh, што претставува 88.8 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO