фото Бизниспро

Просечната месечна плата стигна над 39 илјади денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 39.542 денари, за месец јануари 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Тоа е зголемување од 16,5 проценти во однос на истиот месец минатата 2023 година.

Зголемување на месечните примања има за вработените во јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и земјоделство, шумарство и рибарство.

Помали плати, пак во однос на претходниот месец примиле вработените во градежништвото, преработувачка индустрија и трговија на големо и мало, како и поправка на моторни возила и мотоцикли.

Нешто поголемо е зголемувањето на бруто личните доходи од 16,8 посто, а според ДЗС таа на национално ниво изнесува 59.392 денари.

Можеби ќе ве интересира...

Тргнува исплатата на “Мој ДДВ”: УЈП со важна информација за граѓаните

BiznisPRO

УЈП: Граѓани проверете ја вашата годишна даночна пријава за 2024

BiznisPRO

Од април повисок минималец од 22.500 денари за околу 90 ијлади работници

BiznisPRO