фото Бизниспро

Просечната плата во Црна Гора скокна на 819 евра

Просечната нето плата во Црна Гора во јануари изнесувала 819 евра.

Ова е за 8,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани и за 0,6 отсто повеќе во однос на декември, соопшти денеска црногорската управа за статистика Монстат.

Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во јануари 2024 година се зголемени за 0,5 отсто во однос на декември 2023 година, произлегува дека реалните плати во Црна Гора бележат пораст од 0,1 отсто во истиот период, се наведува на веб-страницата на Монстат.

Просечната нето-плата во јануари најмногу бележи пораст во секторите водоснабдување, управување со отпадни води, контрола на процеси, отстранување отпад и слични дејности за 4,4 отсто, други услужни дејности за 3,9 отсто и преработувачка индустрија за 3,2 отсто.

Наспроти тоа, најголем месечен пад на нето заработката во Црна Гора е забележан во секторите градежништво 3,3 отсто, државна администрација и одбрана: задолжително социјално осигурување 1,1 отсто, финансиски и осигурителни дејности 0,9 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација- 0,8 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Силата на ветрот: Црна Гора е прва во Европа која произведува електрична енергија од ветерни електрани

BiznisPRO

Секој петти работник во Хрватска е вработен на определено време

BiznisPRO

За стан од 9 квадрати бара 40.000 евра: туширање и спиење во кујна, тоалетот е заеднички

BiznisPRO