Будва / фото Biznispro.com

Просечната цена на метар квадратен на нова зграда во Црна Гора е 1.532 евра

Просечната цена на метар квадратен стан во Црна Гора во 2023 година изнесува 1.532 евра, објави црногорската управа за статистика Монстат на својата веб-страница.

Во Подгорица станбен квадрат чинел во просек 1.585 евра, во крајбрежниот регион на земјава 1.577 евра, во централниот 696 евра, а во северниот 1.220 евра.

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во значителна мера зависи од учеството на становите кои спаѓаат во категоријата солидарна станбена изградба. Доколку учеството на овие станови е поголемо, просечната цена на стан во нова зграда ќе биде значително пониска, односно ако учеството е помало, просечната цена ќе биде повисока.

Просечната цена на метар квадратен стан во нова зграда во Црна Гора во категоријата комерцијални компании во 2023 година изнесувала 1.555 евра, додека во категоријата солидарна станбена изградба била 589 евра.

Ова истражување не ја одразува понудата и побарувачката на нови станови на пазарот, туку ги зема предвид цените наведени во склучените купопродажни договори, нагласува Монстат.

Можеби ќе ве интересира...

Просечната месечна плата стигна над 39 илјади денари

BiznisPRO

За прв пат по две години: Платите растат во Германија

BiznisPRO

Државата ќе дели помош од по 3000 денари за илјадници граѓани на месечно ниво во следните 4 месеци

BiznisPRO