„Расипан“ банкомат: Клиентите земале колку сакале

Најголемата етиопска комерцијална банка CBE се обидува да врати големи суми пари што луѓето ги повлекле по „системска грешка“.

Граѓаните откриле дека можат да подигнат неограничени суми од своите банкомати, без разлика колку имаат на сметката, пишува Би-Би-Си, а пренесува Капитал.

Ова траеше со часови. Се започна меѓу студентите во кампусот, кои одеднаш почнаа да повлекуваат големи суми пари. Веста се прошири и луѓето почнаа да се собираат пред банкоматот. До моментот кога банката сфатила дека настанала грешка, граѓаните веќе извршиле 490.000 трансакции.

Се дојде до таму што полицијата мораше да ги растера луѓето пред банкоматите. Луѓето сфатија дека преку мобилната апликација може да се префрлат неограничени средства на сметки во други банки. Како што рече претседателот на банката, Абе Сану, најмногу пари подигнале студентите.

Пред банката да престане со трансакциите, граѓаните веќе подигнале или префрлиле неверојатни 40 милиони долари (околу 37 милиони евра) на сметките на други банки. На банката и требаа неколку часа да ги замрзне трансакциите.

„Веќе подготвивме постапка за полициска пријава за оние кои нема да ги вратат парите. Не е нивно. Од тие 490.000 трансакции, околу 10.000 биле легални. Некои веќе ни ги вратија парите“, рече претседателот на банката.

Колеџите ги предупредија студентите да ги вратат парите.

„Во мензата има известување дека мора да ги вратиме парите или ќе одговараме. Но, не видов некој да го врати“, вели студент од кампус во Етиопија.

Банката соопшти дека немало хакерски напад, туку дека се работи за техничка грешка што се случила при рутинско одржување и инспекциски активности, а корисничките сметки не биле загрозени.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на бензините

BiznisPRO

Следува исплата на К-15 – над 84.000 админитравци ќе добијат по 11.000 мкд

BiznisPRO

Странските инвеститори имаат специфични даночни предизвици

BiznisPRO