Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – април 2026 година во споредба со периодот јануари – април 2025 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 171 594.4 милиони денари и бележи пораст од 7.08 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 243 606.5 милиони денари, што е за 6.11 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.3 % во вкупната размена.

Можеби ќе ве интересира...

Волстрит со благ пад

BiznisPRO

Германија од 1 јуни ги менува правилата за граѓаните од Западен Балкан

BiznisPRO

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

BiznisPRO