Раст на извозот и на увозот во периодот јануари – септември 2025 година во споредба со периодот јануари – септември 2024 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 368 279.8 милиони денари и бележи пораст од 2.09 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 523 204.2 милиони денари, што е за 3.59 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – септември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.6 % во вкупната размена.

Можеби ќе ве интересира...

Пензиите во Македонија ќе пораснат од септември, но дали системски или линеарно?

BiznisPRO

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 243 контроли за фискализација, казнети 91 дуќан кај кои биле утврдени неправилности

BiznisPRO

Објавен е Јавен повик бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

BiznisPRO