Нафтениот пазар од утрово бележи раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 109 долари, за разлика од вчера, кога цената беше 105 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар изнесува 107 долари за барел, што е раст од околу 2 отсто во однос на вчерашниот ден.
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 30.700 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога неговата вредност изнесуваше 27.000 долари. Другите криптовалути се исто така во зелено.
Од утрово поскапуваат житарките. Од утрово цената на пченицата е 1.178 долари за тон, што е зголемување за околу 5% во однос на претходните денови. Цената на пченката е 791 долар, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...