• март 14, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Рекордни цени и инфлација: Белгијците не можат да издвојат пари за основните потреби

Рекордни цени и инфлација: Белгијците не можат да издвојат пари за основните потреби

Цената на енергенсите во Белгија во првите месеци од годинава го достигнува својот максимум, а последиците од тоа се прелеваат во инфлацијата и животниот стандард на граѓаните.

Во ситуација кога земјаta има најниска стапка на економски раст во ЕУ, а инфлација од 8 отсто од февруари не е забележана од 1983 година, голем број граѓани се жалат дека не можат да издвојат пари за основните потреби, особено за сметките за парно.
Скокот на цените во Белгија е забележлив уште од септември минатата година, а беше забрзан поради војната во Украина и максималните цени на енергенсите на светските берзи.

Бензинска во Германија / фото Pixabay

За само еден месец во Белгија дизелот поскапе за 50 центи по литар и ја проби психолошката граница од две евра и достигна 2,23 евра за литар дизел.

Во исто време, цената на гасот во Белгија скокна на речиси 2 евра за литар (1,97), што е второ поскапување годинава од првичната количина од 1,59 од декември 2021 година.

Цените на керозинот, кој се користи и за греење, од 1 март поскапеа над 1 евро за литар и со помали осцилации се движат од 1,1 до 1,4 евро за литар.

Скокот на цените на енергијата доведе до зголемени сметки за парно, па се проценува дека просечното домаќинство во Белгија, по сегашните цени, треба да плаќа просечна сметка за гас од 3.700 евра годишно наспроти 2.500 евра лани.

Скокот на парното доведе до ситуација над милион корисници во последната година да побараат продолжување на плаќањата, односно плаќање на сметките за парно на рати.

Според сегашните цени, годишната сметка за струја во Белгија би била во просек 1.800 евра или 500 евра повеќе од лани.
За да им помогне на граѓаните со помали примања, државата ги прошири таканаречените социјални тарифи за парно, кои се и до 4 пати пониски од стандардните.

Од 1 март до 1 јули даноците за струја во Белгија ќе бидат намалени од 21% на 6%, а граѓаните ќе добијат 100 евра еднократна помош.
Цените на енергијата неизбежно се рефлектираа во зголемувањето на цените на храната и недвижностите во Белгија.

Просечните цени во белгиските супермаркети пораснаа меѓу 3 и 5 отсто во последните неколку месеци, додека цената на кавдартот скокна за 11,8 отсто.

Она што најмногу ги загрижува Белгијците е дека ова не е крајот и дека цените ќе продолжат да растат во наредниот период.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…