РКЕ: Денеска нема нова цена за горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) потврди дека денеска нема да има промена на цената на нафтените деривати бидејќи не се исполнети условите за тоа.

Во однос на предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека ќе имаат седница веднаш штом се изгласаат измените на Законот за акциза во Собранието и се објават во Службен весник. На оваа седница најавуваат дека ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.

Можеби ќе ве интересира...

Македонија меѓу земјите со најевтин бензин и дизел во Европа, втора е Црна Гора, а кај комшиите литар дизел се точи за над 120 денари – Список на европските држави и цените на горивата

BiznisPRO

Метеж на македонско-бугарската граница – многу Бугари пазарат во Источна Македонија

BiznisPRO

Го преплавија српскиот пазар: Русите основаа околу 7.000 компании

BiznisPRO