Русите конечно профитираа

Банката на Русија (БР) објави дека во 2023 година забележала добивка за прв пат по седум години.

Приходите на руската централна банка минатата година изнесувале 859,3 милијарди рубљи, а расходите 718,9 милијарди рубљи, што значи дека 2023 година завршила со добивка од 140,4 милијарди рубљи или околу 1,4 милијарди евра, пренесува Комерсант.

Во извештајот на Банката на Русија се наведува дека главен фактор во остварувањето на добивката во 2023 година била „позитивната ревалоризација“ на хартиите од вредност.

Приходите се остварени првенствено од приходи од камати во износ од 668,9 милијарди рубљи, како и од нето приходи од трансакции со хартии од вредност, девизи и благородни метали во износ од 161,2 милијарди рубљи.

Трошоците беа главно расходи за камати во износ од 436,9 милијарди рубљи и трошоци за вработените во Банката на Русија 151,2 милијарди рубли.
Банката на Русија работеше со загуба шест години почнувајќи од 2017 година, а во 2022 година изнесуваше 721,7 милијарди рубљи.

Можеби ќе ве интересира...

Индија потпиша договор со четири земји

BiznisPRO

Се бараат работници за најоддалеченото место на светот

BiznisPRO

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

BiznisPRO