Рускиот приход се зголеми

Приходите на рускиот буџет од јануари до ноември, според прелиминарните проценки, се зголемени за 4,8 отсто на годишно ниво на 25,96 трилиони рубљи.

Ова денеска го соопшти Министерството за финансии на Русија.

Приходите од нафта и гас за првите 11 месеци од оваа година се намалени за 22,8 отсто на годишно ниво на 8,2 милијарди рубљи, додека приходите од други дејности се зголемени за 25,6 отсто на 17,7 милијарди рубљи, објави Комерсант.

Падот на приходите од нафта и гас е последица на високиот базен ефект од минатата година, како и падот на цените на гасот и руската нафта од Урал.

Руските буџетски расходи за 11 месеци изнесуваат 26,8 трилиони рубљи, 11,7 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, се додава во соопштението на руското Министерство за финансии.

Затоа, рускиот буџет акумулираше буџетски дефицит од околу 0,84 трилиони рубљи за првите 11 месеци од годината.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов на 22 ноември изјави дека се очекува дефицитот на рускиот федерален буџет да биде на ниво од еден процент од БДП на земјата до крајот на 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Минималната плата за оваа работа е 2.480 евра: Не е потребен факултет

BiznisPRO

Познатиот бренд ги затвора продавниците низ земјата

BiznisPRO

ФТ: Компании од Србија на листата на нови санкции на ЕУ

BiznisPRO