ФТ: Компании од Србија на листата на нови санкции на ЕУ

Европската унија подготвува нови санкции за кинеските и индиските компании поради нивните врски со Русија, а на листата на „нови имиња“ се наоѓаат компании во Србија, Шри Ланка, Турција, Тајланд и Казахстан, пишува „Фајненшл тајмс“..

Брисел предлага воведување санкции за три кинески компании и една индиска компанија како дел од најновите мерки, кои треба да и нанесат удар на „руската воена машина“.

Согласно предложените мерки, на европските компании ќе им се забрани да работат со котираните компании.

Брисел се обидува да спречи какво било заобиколување на наметнатите ограничувања, особено кога станува збор за набавка на електронски компоненти кои би можеле да се пренаменат за употреба во системи за оружје.

„На тој список е соодветно да се вклучат и некои други субјекти во трети земји, кои индиректно го поддржуваат рускиот воен и индустриски комплекс… тргувајќи со такви компоненти“, заедно со неколку руски компании, се наведува во документот.

Санкции за поддршка на Русија
Предлогот исто така ќе го забрани извозот на компоненти за дронови во Русија.

Пакетот санкции, кој се очекува да биде одобрен пред втората годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари, ќе биде 13-ти усвоен од Унијата.

Вкупно 643 компании ќе се најдат на листата под санкции, доколку предлогот биде усвоен.

„Новите имиња вклучуваат и компании во Шри Ланка, Турција, Тајланд, Србија и Казахстан“, пишува ФТ.

Доколку членките на ЕУ го одобрат планот, тоа ќе биде првпат бизнисите во Кина и Индија да бидат погодени од санкциите на ЕУ.

Тие компании, заедно со една во Хонг Конг, се меѓу 21-те наведени субјекти во документот на Европската комисија, кои ФТ ги виде и Блумберг известуваше.

Дипломатите очекуваат повеќе од 200 лица да бидат санкционирани во идните нацрт-предлози.

Комисијата одби да ги коментира медиумските извештаи.

Можеби ќе ве интересира...

Ги има четири во Западна Европа: Ова се 10-те НАЈСКАПИ ГРАДОВИ во светот

BiznisPRO

Руската влада уверува дека нема причина за паника, но граѓаните се пречекуваат со празни полици

BiznisPRO

Вредноста на доларот расте втора недела по ред, на еврото падна

BiznisPRO