Се бараат работници за најоддалеченото место на светот

Базата Порт Локрој на Антарктикот, седиштето на добротворната организација, повторно регрутира за да ги исполни улогите на менаџер на база, менаџер на продавница, набљудувач на дивиот свет и, се разбира, поштар за претстојната сезона од ноември 2024 до март 2025 година.

Сигурно сте сонувале да се оддалечите од работата што ја работите. Ок, не си лош, но повторно, ти е доста да работиш со истите луѓе и да ги слушаш истите приказни. Секој кој се чувствува вака и кој е жител на Обединетото Кралство, има можност да направи нешто во врска со тоа.

Имено, UK Antarctic Heritage Trust (тимот кој се грижи за одржување на објектите на Антарктикот) регрутира нови членови за својот тим на Антарктикот, а апликациите се отворени за сите жители на ОК.

Да, добро прочитавте, работата се нуди на најмалку населениот и најстудениот континент во светот.

Базата Порт Локрој на Антарктикот, седиштето на добротворната организација, повторно регрутира за да ги исполни улогите на менаџер на база, менаџер на продавница, набљудувач на дивиот свет и секако управник на пошта за претстојната сезона од ноември 2024 до март 2025 година.

Порт Локрој минатиот месец ја прослави својата 80-годишнина, откако првично беше поставена како тајна мисија од Втората светска војна во 1944 година. Всушност, тоа е најстарата постојана британска база на Антарктикот.

Но, местото нема само интересна историја. Островот на кој се населил, Гуидер, е со големина колку фудбалско игралиште и е дом на колонија на посебен вид пингвини. Го посетуваат околу 15.000 луѓе годишно.

Можеби ќе ве интересира...

Двете изборни среди во април и мај ќе бидат неработни денови – Еве ја целата листа на празници во 2024 година

BiznisPRO

ДОБРА ВЕСТ: Паднаа цените на горивата

BiznisPRO

Биткоинот во пораст: Еве колку вреди сега

BiznisPRO