Германски гигант го отпушта секој десетти вработен

Производителот на електрични апарати за домаќинство Miele има намера да отпушти 1.300 работници во Германија, што значи дека секој деветти работник ќе остане без работа.

Најавено е потпишување на нов колективен договор со синдикатот, кој ќе важи од август годинава до декември 2028 година, како и инвестиција од половина милијарда евра. За отпуштање на наведениот број работници, потребно е да се подготват услови за исплата на отпремнини и предвремено пензионирање. Сепак, се тврди дека нема да има отпуштања до крајот на 2027 година.

Како што пренесува германски Tagesschau, Miele е во тешка ситуација. Имено, за време на пандемијата на коронавирус имаше исклучителна продажба, додека по завршувањето на пандемијата значително опадна. Минатата година продажбата на компанијата, која вработува 22.700 луѓе ширум светот, е намалена на речиси пет милијарди евра, пренесува Seebiz.

Најголем дел од отпуштањата ќе бидат во германскиот град Гутерслох, каде што Miele има седиште и фабрика. Имено, фабриката за производство на машини за перење со 700 работници ќе биде преместена од споменатиот град во Полска, додека 600 работници во останатиот дел од Германија ќе останат без работа. Синдикалците тврдат дека било невозможно да се убеди Миле да се откаже од преместувањето и затворањето на производствените капацитети.

Сметаат дека со дарежливи отпремнини и други социјални механизми успеале да „извадат нешто“ за работниците кои ќе бидат отпуштени.

Можеби ќе ве интересира...

Уште еден производ е повлечен од пазарот во Хрватска, потрошувачите забележале промени во изгледот

BiznisPRO

РКЕ СО ОДЛУКА: Нови цени нa горивата!

BiznisPRO

МФ: Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг

BiznisPRO