фото Бизниспро

Се гласаше за воведување на 13-та пензија – Оваа држава организираше референдум

Граѓаните на Швајцарија денеска на референдум го поддржаа предлогот за воведување 13-та пензија.

Имено, загриженоста за трошоците за живот ги надмина сомнежите на Владата за нејзината достапност, покажуваат прелиминарните проекции на јавниот сервис СРФ.

Првите податоци, објавени од СРФ, покажуваат дека 58 отсто од гласачите ја поддржале дополнителната пензија, односно 13-та годишна исплата, додека 42 отсто се против.

Усвојувањето на оваа мерка, која ја промовираа Конфедерацијата на синдикати на Швајцарија и партиите од левиот центар, бара поддршка од мнозинството од 26-те швајцарски кантони.

„Овој чекор е навистина огромна пресвртница од перспектива на синдикатот“, изјави Лукас Голдер од агенцијата „gfs.bern“ за SRF.

Владата, деловните лоби и парламентот, кој моментално се приклонува кон десно, го отфрлија предлогот како финансиски несоодветен.

Не се знае од кои средства ќе се финансира 13-тата пензија чија исплата ќе започне во 2026 година.

Минималната старосна пензија во Швајцарија е 1.225 швајцарски франци, а највисоката е 2.450 франци.

Швајцарците денеска гласаа и за зголемување на старосната граница за пензионирање, предлог кој беше категорично отфрлен.

Можеби ќе ве интересира...

Binance: Биткоинот благо порасна на 40.368 евра, етериумот на 2.162 евра

BiznisPRO

ЕУ усвои нова регулатива за брзи финансиски трансакции

BiznisPRO

ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕКОНОМИЈАТА: Повеќе од 50.000 компании згаснаа во Германија за половина година

BiznisPRO