Се повеќе невработени во Германија, највисоко од мај 2021 година

Невработеноста во Германија се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година.

Ова го соопшти германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг.

Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември.

На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186.000.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

„Пазарот на трудот продолжува добро да се држи со оглед на нивото на обемот на работа и несигурноста“, коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес.

Можеби ќе ве интересира...

ЕЦБ во минус за прв пат по 20 години

BiznisPRO

Корпоративно-бонитетен извештај

BiznisPRO

Добра вест: Нема промени на цените на горивата, поскапува екстра-лесното масло за домаќинство

BiznisPRO