Се нижат скандали со брзите кредити

СВР Велес поднесе кривична пријава против лице(26), лице(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице.

На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.

Брзите кредити плодна почва за измамниците
Брзите кредити се и плодна почва и за измамниците кои премногу лесно можат да злоупотребат туѓи податоци и преку интернет да си нарачаат брз кредит. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР.

За сите овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР.

Случаи се регистрирани и оваа година.

Можеби ќе ве интересира...

Владата донесе оперативен план со кој е предвидено да се вработат 14.685 лица

BiznisPRO

За четири проценти паднале продажните цени на производителите на индустриски производи за една година

BiznisPRO

Автомобилскиот гигант објави лоши вести

BiznisPRO