Откажани стотици летови: Штрајкуваше персоналот на шпанските авиокомпании

Копнениот персонал на шпанската авиокомпанија Иберија стапи во четиридневен штрајк, поради што ќе бидат откажани стотици летови, а штрајкот ќе ги зафати аеродромите во Барселона, Аликанте, Билбао, Малага, Гран Канарија, Палма де Мајорка и островот Тенерифе.

Во претходното соопштение на Iberia се вели дека протестот нема да влијае на аеродромот во главниот град Мадрид. Организатори на протестот се двата водечки шпански синдикати UGT и CCOO, кои не се согласуваат со ангажирање нови даватели на услуги на шпанските аеродроми.

Претставничката на компанијата Iberia во синдикатот CCOO, Палома Гаљардо, претходно изјави дека се надева на што поголемо учество на протестот, бидејќи смета дека конфликтот меѓу работниците и работодавачите е „многу сериозен“.

Со комерцијалните аеродроми во Шпанија управува државната компанија „Аена“, која во септември ангажираше нови изведувачи за услуги што претходно ги даваше авиокомпанијата „Иберија“ на многу аеродроми. Промената ги налути синдикатите загрижени за правата на аеродромските работници.

Можеби ќе ве интересира...

Скокна бројот на странски туристи во Македонија

BiznisPRO

Стапува во сила „во 5 до 12“: Доаѓањето до работа во Германија е уште полесно – На земјата итно и треба професионална работна сила

BiznisPRO

Влада: Просечната нето-плата во државата достигна 31.407 денари

BiznisPRO