Се очекува драстично намалување на цената на дизелот и скромно намалување на цените на бензинот

Владата на вчерашната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15.06.

– Истовремено, како резултат на разговорите што Владата ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар кој ќе започне да се применува од понеделник, први јуни, најавија од владината прес служба.

– Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар, вели Владата.

Регулаторната Комисија за Енергетика во текот на денов треба да ги објави новите цени.

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 14 мај 2024

BiznisPRO

УЈП со 907 контроли – напишани се и казни поради неиздавање на фискални сметки

BiznisPRO

Колку чинат девизите денес? – НБРМ ја објави најновата курсна листа

BiznisPRO